Експерти на ЕМА во Москва ја проценуваат вакцината „Спутник В”

Руската вакцина Спутник V/ Фото: EPA-EFE/ANDREI POKUMEIKO / POOL MANDATORY CREDIT

Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината „Спутник В” против Ковид-19, објавија денеска руските медиуми, наведувајќи дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети.

Претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетија две клиники каде што се спроведуваат третите клучни фази од клиничките испитувања на „Спутник В” и разговараа со медицинскиот персонал, објави новинската агенција Интерфакс.

„Можеме да кажеме дека е во тек конструктивен дијалог”, изјави извор на Интерфакс за посетата на експертите на ЕМА, која е дел од постапката за анализа и проценка на ефикасноста на вакцината „Спутник В”.

Европската агенција ЕМА сè уште не даде одобрение за „Спутник В”, иако Унгарија, како членка на ЕУ, ја одобри руската вакцина на национално ниво по кратка постапка, а во меѓувреме неколку земји од ЕУ покажаа интерес за договор со Русија за набавка на вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот