Експерти: Изјавите на Ким Кардашијан за слабеење се проблематични, игнорирајте ги!

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Дискусиите за драстичното слабеење на Ким Кардашијан за годинашното издание на Мет Гала продолжува откако реалити ѕвездата неодамна објави дека изгубила вкупно 9,5 килограми. Затоа експертите ги потсетуваат луѓето дека не мора и не треба да ги земаат нејзините методи како адекватен совет.

41-годишната инфлуенсерка красеше бројни насловни страници откако се појави во легендарниот фустан на Мерлин Монро.

„Посетував сауна двапати дневно, трчав на лента за трчање, целосно ги исфрлив сите шеќери и сите јаглени хидрати и јадев само најчист зеленчук и протеини“, изјави таа за „Vogue“ објаснувајќи го нејзиниот режим. „Не се изгладнував, но бев многу строга“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met gala 2022 (@officialmetball)

Во тоа време, многумина ја осудија нејзината диета истакнувајќи дека Ким придонесува за токсичните идеи за изгледот на телото и стандардите за убавина.

„Многу млади девојки ќе го прочитаат ова и ќе се обидат да го направат истото. Кардашијан е идол за многу луѓе и многумина би направиле се за да бидат малку повеќе како неа“, објасни диететичарката Мариса Мешулам за „Yahoo Life“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Мешулам ги советува луѓето да се обидат да ги блокираат таквите информации.

„Всушност, низ овој процес научив многу и сега продолжувам да се хранам здраво. Ослабев 9,5 килограми. Не се обидувам повеќе да ослабам, но имам повеќе енергија од кога и да е откако ги исфрлив шеќерот и нездравата храна од исхраната. Целосно го променив мојот животен стил“, изјави Ким за време на гостувањето во емисијата „Today“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Диететичарката која се фокусира на свесна исхрана, објаснува колку делови од изјавите на Ким Кардашијан се проблематични.

„Секој што сака да се чувствува подобро, да го промени својот начин на живот или има проблеми со изгледот на сопственото тело или има нарушени проблеми со исхраната е ранлив на вакви коментари“, тврди Мешулам. „Елиминацијата или ограничувањето нè охрабруваат да размислуваме за храната на сè или ништо. Кога елиминираме нешто, имаме тенденција да се фиксираме, а тоа може да создаде крајно нездрав однос со храната. Само затоа што Ким не јаде преработена и пржена храна или шеќер, не значи дека и вие треба да го правите истото“, додава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Покрај тоа, Мариса верува дека фалењето со изгубените килограми можеби не е применливо за луѓето кои се стремат кон тоа. Што е најважно, тоа може да има влијание врз нечие ментално здравје.

„Менталното и физичкото здравје се подеднакво важни. Елиминирањето на храната што ја сакате, во корист на вашето физичко здравје, може да му наштети на вашето ментално здравје, и воедно да не функционира. Мораме да ги балансираме двете“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by just fanpage ♡ (@kimberlyfamily)

Елизабет Алтункара од Националното здружение за нарушувања во исхраната вели дека изјавите на Ким Кардашијан се само еден пример за токсичната исхрана на Холивуд, како и водечки фактор за проблемите со сликата за сопственото тело.

„Притисокот што го доживуваме преку социјалните мрежи негативно влијае на секој аспект од животот. Пораките за диетите и стремежот кон слабеење се интернализираат уште од мали нозе, а тоа доведува до негативна слика за телото, што предизвикува чувство на срам и вознемиреност“, смета Алтункара.

Пред сè, Мешулам потенцира дека најздравото нешто што треба да се направи е да не се обрнува внимание на таквите изјави на познатите личности, бидејќи придржувањето до нивните ограничувања во секој случај би се покажало бескорисно.

„Нашите тела се уникатни и имаат потреба од различни работи. Она што го прави една личност не е упатство за тоа како треба да се грижите за себе“, заклучила таа.

Видео на денот