Експерт за читање од усни откри што повторуваше Меркел додека се тресеше (ВИДЕО)

фото: EPA/Francios Lenoir

Експертот за читање од усни за радиото Antenne Bayern, тврди дека германската канцеларка за време на третото тресење во јавност, Меркел ги повторувала зборовите: „Ќе успеам, ќе успеам“.

Експертот за читање од усни Џудит Хартер за радиото изјавил дека е сигурен  дека тоа се зборовите што ги повторува канцеларката за време на интонацијата на химната при средбата со финскиот премиер Анти Рине, односно кога започнала да има трет треперлив напад, пренесуваат медиумите од регионот.

Фразата што потсетува на изјавата на канцеларката од 2015 година, кога мигрантска криза предизвика голема бура.

Тогаш, Меркел,  зборувајќи за бранот бегалци, рече: „Ние ќе можеме да се справиме со ова ситуација“.

Инаку, по трите треперања во јавноста Меркел вчера ја пречека премиерката на Данска, Мета Фредериксен седејќи, се слушаше интонацијата на химната седејќи, не како што е ред по протокол.

Меркел и по оваа трето треперење вели дека се чувствува добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот