Експерт тврди: Ова е суперхраната што треба да ја јадете за појадок

Фото: Pexels / Jubair Bin Iqbal

Од овесни снегулки, кајгана и палачинки, до остатоци од пица, овие денови има милион можни избори за појадок, но некои опции се побогати со хранливи материи од другите. Ако ја прашате диететичарката Лиза Московиц, нејзиниот избор број еден за појадок е чиа семето.

„Тоа е суперхрана поради сите хранливи својства што ги има, од влакна и магнезиум до витамини од групата Б, железо и некои протеини“, изјавила Моковиц за „Хафпост“.

Чиа семето содржи и омега-3 масни киселини кои помагаат да ги одржуваме нашите мозоци и срца здрави и докажано е дека го намалуваат воспалението.

„Одлични се за регулирање на варењето бидејќи се извор на нерастворливи и растворливи влакна“, додала диететичарката.

Само една порција чиа семе, две до три лажици, нуди речиси 10 грама влакна, што е една третина од препорачаната дневна доза за повеќето луѓе. Влакната не само што го помагаат варењето со зголемување и омекнување на столицата, туку е откриено дека го намалуваат ризикот од многу опасни здравствени состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес и некои видови рак.

Чиа семето е исто така неверојатно разноврсно и лесно може да се додаде во безброј омилени појадци за да се максимизираат неговите хранливи придобивки.

„Можете да ги додадете во јогурт или овесната каша, да посипете во тост од авокадо, да додадете во јајца или кафе и едноставно можете да ги пиете откако ќе ги измешате во вода. Можете да натопите во бадемово или овесно млеко и да го оставите во фрижидер преку ноќ“, предложила Московиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот