Експерт открива: Кралот Чарлс ќе го прифати принцот Хари назад во кралското семејство, но само под еден услов

Принцот Хари и кралот Чарлс / Фото: LOIC VENANCE / AFP / Profimedia

Не е тајна дека принцот Хари има затегнати односи со своето семејство откако се повлече од кралските должности и се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и нивните две деца.

Сега, како што пренесува „Мирор“, кралот Чарлс Трети е отворен за помирување и враќање на својот помлад син во кралското семејство, но само под еден услов.

„Кралот Чарлс би сакал да биде поблизок со Хари и да има врска со неговиот син која навистина функционира. Но, тоа зависи од тоа дали Хари ќе ја исполни желбата на неговиот татко – повеќе да не пишува книги и да дава срамни интервјуа“,, рекол експерт во оваа област.

Том Квин, кој се осврна на книгата на Хари „Резерва“ во која тој го извади „валканиот веш“ на кралското семејство. Размислувањето на Квин е само додаток на она што тој го коментираше претходно овој месец кога почнаа гласините дека принцот Хари бара дом во Велика Британија.

„Како што одминува времето, на Хари му недостигаат некои аспекти од стариот живот во Велика Британија. Периодот на меден месец каде сè е ново и возбудливо во САД завршува, а Хари гледа во минатото низ розови очила. ..“, рече тогаш експертот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот