Експериментот помина успешно: Нема знаци на зараза по рок-концертот со 5.000 луѓе во Барселона

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

По рок-концертот со 5.000 присутни, што се одржа како своевиден експеримент на 27 март во Барселона, нема знаци на зараза, соопштија денеска организаторите.

Две недели по тој концерт, сите учесници беа подложени на ПЦР тестирање и „нема знаци дека вирусот е пренесен за време на настанот, што беше целта на оваа студија”, рече д-р Жозеп Марија Либре на прес-конференција.

Публиката, која беше подложена на антигенски тестови пред концертот, носеше маски ФФП2.

Експеримент во Барселона: Love of lesbians одржаа концерт пред 5.000 лица со негативен ПЦР тест

Според лекарите, само шест позитивни случаи од 5.000 посетители биле откриени две недели по концертот, а организаторите се сигурни дека „четири од овие шест случаи на пренесување на вирусот не се случиле за време на концертот”.

– Со оптимизирана вентилација, тестирање на антиген и носење маска, можеме да гарантираме безбеден простор”, додаде тој.

Покрај тестовите и маските FFP2, строго се контролираа и вентилацијата, како и објектите за прием на критичните места, како што се тоалетите.

Организаторите сакаа да покажат дека концерти се можни и покрај пандемијата, и ова искуство е едно од ретките што се случи во Европа на актуелната музичка сцена.

Друг, сличен концерт се одржа на почетокот на март во Холандија со 1.300 посетители.

Уште во декември, истиот тим на истражувачи организираше пилот проект во сала во Барселона со 500 посетители кои претходно беа тестирани. Неколку дена подоцна, никој не беше заразен со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот