Експериментирајте во кујната: Како да направите овошна торта со помалку калории

Доколку сте од оние што обожаваат да јадат благо, но навистина сте изморени од постојаното броење на калориите со секој проголтан залак, во тој случај ова е вистински совет за вас.

Искористете го овој супер трик и почнете да ги јадете вашите омилени десерти без грижа на совест.

При подготовката на десерти, искуството е многу важно. Ако досега не сте знаеле, постојат алтернативни и помалку калорични намирници, со кои може да ги замените состојките од вашата омилена овошна торта и на тој начин да го задржите вкусот, но значително да ги намалите калориите.

Како пример за тоа е крем-сирењето. Можеби ви звучи неверојатно, но доколку во рецептот на тортата или на колачите наместо маргарин или путер додадете крем-сирење, ќе добиете помалку калоричен десерт, а истовремено и многу покремаст.

Можете да ставите и малку рум, коњак или ладно кафе во подготовката на десертите. На тој начин, ќе ѝ го продолжите рокот на храната за неколку денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот