Експеримент во Барселона: Love of lesbians одржаа концерт пред 5.000 лица со негативен ПЦР тест

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Во Барселона синоќа, за првпат од почетокот на пандемијата, се одржа концерт пред публика од 5.000 луѓе, на кој истовремено беше тестирано спроведувањето на заштитните мерки против епидемијата на коронавирус. Концертот на алтернативниот бенд Love of Lesbians се одржа во салата „Палау де Сант Жорди“, која е со капацитет за 24 000 гледачи.

– Добредојдовте на еден од најтрогателните концерти во нашите животи, ја поздрави публиката Санти Балмес, пејачот на групата.

– Беше одлично, всушност подобро отколку пред короната, бидејќи сите беа неверојатно среќни и возбудени што конечно присуствуваат на концерт. Многумина танцуваа и пееја користејќи заштитни маски, изјави за германската агенција ДПА Рубен Касадо. – Се надевам дека наскоро ќе има слични настани, рече 48 годишниот викалист на Love of Lesbians.

Строги мерки се спроведуваа пред и за време на концертот, одржан под надзор на лекарите.

Во пресрет на концертот, публиката мораше да се тестира за коронавирус во еден од трите специјализирани центри. Само шест од 5.000 тестови покажале позитивни резултати, според весникот „Ла Вангуардиа“.

На инфицираните лица не им било дозволено да присуствуваат на концертот. Парите од билетите ќе им бидат вратени. Билетите чинеа од 23 до 38 евра.

Резултатите од брзите тестовите биле видливи во рок од 10-15 минути на мобилна апликација. Тестот и маската беа вклучени во цената на билетот.

Само регистрирани лица на возраст меѓу 18 и 65 години имаа дозвола да влезат во салата, и тоа со паметни телефони кои содржат резултати од тестирање на коронавирус. Членовите на публиката исто така мораа да се согласат да ги споделат своите податоци со Министерството за здравство.

На концертот имаше три одделни зони и влезови, кои гледачите мораа да ги почитуваат. Просторот посебно е проветруван.

Сличен концерт со 5.000 луѓе се одржа во Мадрид во декември, но тој не беше дел од истражувањето за мерките против епидемијата на коронавирус. Гледачите мораа да седат и да одржуваат растојание еден од друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот