Експанзија: На Светот ќе му требаат 47.680 aвиони до 2038 година

Европскиот производител на авиони „Ербас“ ја зголеми прогнозата за побарувачката на авиони во следните 20 години.

Во својот годишен извештај за перспективите на глобалниот авио-пазар, „Ербас“ предвидува дека глобалната авио-флота ќе се зголеми за повеќе од двојно до 2038. година, на 47.680 летала, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Авио-превозниците и компаниите за лизинг на авион, како што се предвидува, ќе превземат 39.210 нови патнички и теретни авиони во следните две децении, што е повеќе во однос на претходно прогнозираните 37.389, затоа што авио-компаниите сакаат да ги искористат предностите од економичноста од заштедата на гориво кои ги нудат најновите авиони.

Во побарувачката за нови авиони ќе води Азија, чија авио-индустрија „цвета“ поради експанзијата на градовите и растот на азиската средна класа.

Побарувачката од Кина, според очекувањата, ќе ги надмине барањата на САД и Западна Европа, додека Индија и новите производители, како Виетнам, ќе забележат најбрзо темпо на раст.

Меѓутоа, „Ербас“ ја намали 20-годишната проекција за растот на авио-сообраќајот, на 4,3 проценти годишно во однос на претходно прогнозираните 4,4 проценти.

Како причина за забавувањето на авио-сообраќајот во оваа година, од „Ербас“ ја наведуваат трговската војна меѓу САД и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот