Ексхумација и обдукција на почината родилка во Прилеп на самото место

Фото: Слободен печат

Прилепското Основно јавно обвинителство денеска издаде наредба за ексхумација на телото на 33-годишна родилка од селото Црнилиште, општина Долнени која починала на 10 јануари по породувањето во Општата болница во Прилеп.

На лице место во селото тимот на Судска медицина од Скопје направи и обдукција.

Според основната јавна обвинителка Маријана Илиеска обдукцијата е на лице место за да се избегнат тензии.

-За да нема отпор и тензии меѓу населението на селото Црнилиште екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направија обдукција на лице место. Обвинителството реагираше по допрен глас, изјави Илиеска.

Триесет и тригодишната родилка на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но, веднаш по породувањето имала обилно крвавење. Сите напори на персоналот биле залудни и околу 4 часот изутрината на 10јануари родилката починала.

Прилепското основно јавно обвинителство ќе го чека наодот од обдукцијата на родилката.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот