Екс-украинскиот фудбалер Милевски завршил во болница поради алкохол, докторите се борат за неговиот живот

Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Поранешниот украински фудбалер, Артем Милевски завршил во болница и се бори за својот живот, добра вест е што ситуацијата засега му се подобрува, пренесуваат украинските медиуми.

Милевски кој денес има 38 години кариерата ја заврши пред две години, а и додека играше фудбал беше познато дека има проблеми со алкохолот.

Наводно, Милевски откако ја завршил кариерата уште повеќе се „посветил“ на алкоголот, неодамна во медиумите се појави и снимка на која се гледа како потпишува топка со логото на Динамо, додека едвај стои на нозе.

Во јавноста се појави информација дека состојбата на Милевски е сериозна, по што се огласи неговиот пријател Олександр Алијев.

„Би сакал да ја разјаснам систуацијата околу Милевски. Со помош на сопственикот на Динамо Киев го сместивме во болница. Тука е пет дена, ситуацијата е сериозна, докторите се борат и барем засега ситуацијата оди кон подобро“, изјавил Алијев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот