Екс претседателот на Валенсија оди во затвор, го киднапирал наследникот

Поранешниот претседател на Валенсија, Хуан Баутиста Солер е осуден на две години затвор поради обид за киднапирање на својот наследник, Висенте Соријано.

Настанот се случил во 2014 година кога Солер кој беше претседател на шпанскиот прволигаш од 2004 до 2008 година, со уште четири луѓе се обидел да го киднапира Соријано. Солер му продал 70.889 акции на Соријано во 2008 година за вкупно 85 милиони евра кои требале да му бидат исплатени во четири рати. Високиот суд на Шпанија во 2013 година, утврдил Соријано му должи уште 39 милиони евра на Солер кој на крајот се обидел сам да ја истера правдата и да го наплати долгот.

„Покраинскиот суд во Валенсија прогласи четири лица за виновни, вклучувајќи го и познатиот бизнисмен кој беше претседател на Валенсија, за планирање и киднапирање на друг бизнисмен кој беше на чело на истоиот клуб во периодот од 2013-2014 година. Судот смета дека сите се одговорни за обидот за киднапирање и обидот за насилен грабеж. Судот на поранешниот претседател на Валенсија му изрече двегодишна затворска казна, по една година за двете дела“, стои во соопштението на Покраинскиот суд во Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот