Екс претседателка на ФЕД прогнозира шокантен пад на американската економија

БДП на САД ќе биде најмногу погоден во периодот од април до јуни, а економскиот пад во вториот квартал ќе изнесува 30 проценти.

Пандемијата од корона вирусот ќе нанесе огромни штети врз американската економија во престојните неколку месеци, вели поранешната претседателка на американските Федерални резерви (ФЕД) Џенет Јелен.

– Ова е огромен, разорен удар без преседан, вели Јелен додавајќи дека стапката на невработеност во земјата веројатно веќе стигнала до 12 или 13 проценти и истата продолжува да расте бидејќи милиони Американси секојдневно остануваат без работа.

Таа наведува дека БДП на САД ќе биде најмногу погоден во периодот од април до јуни, проценувајќи дека економскиот пад во вториот квартал ќе изнесува 30 проценти.

Јелен изразува извесен сомнеж дека економското опоравување на САД ќе забележи агресивен раст по завршувањето на кризата откако претпријатијата повторно ќе почнат со работа, но сепак не го отфрла и таквото сценарио.

– Се зависи од тоа колкава ќе биде вкупната штета и колку време економската активност ќе биде замрзната како што е во моментов.

Од ова ќе зависи и дали работодавците ќе можат брзо да ги вратат работниците на работните места и дали финансиите на потрошувачите ќе бидат доволни за да може да се врати потрошувачката на првичното ниво како пред почетокот на пандемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот