ЕКС ПОЛИЦИСКИ ОФИЦЕР ОТКРИВА: Околу 3 часот по полноќ се гасат камерите на границите за да помине дрогата!

Глобалната иницијатива против организираниот криминал го објави извештајот во кој се анализираат тековите и жариштата на организираниот криминал на Балканот.

Извештајот кој  беше презентиран во Виена не открива драматични новини, барем што се однесува до Северна Македонија, но дава јасен увид во критичните точки кои му го даваат пулсот на организираниот криминал.

Балканот отсекогаш важел за транзитен регион за илегални активности, а Македонија во тој географски регион зазема, речиси, централно место.

Жариштата или „хотспотс“ како што ги наведува извештајот се места каде се врши „бизнисот“, а можат да бидат пристаништа, аеродроми, гранични премини или цели погранични региони.

Во делот на граничните премини на македонска територија се издвојуваат два: Богородица на границата кон Грција и Јажинце, во близина на Тетово кон Косово.

Прочитајте и...  ЕК: Разумно е да се размислува за избори, не може вечно да има техничка влада

Извештајот го одбележува преминот Богородица како „транзитна точка за трговија со дрога: особено за хероин кој доаѓа во регионот; како и за канабис кој се шверцува од Албанија кон Грција и Турција.“

Преминот Јажинце, „се смета за хотспот за трговија со различни стоки“.

Поранешен полициски офицер, чие име не се наведува во извештајот, објаснува како се одвива илегалната трговија преку Јажинце:

„По полноќ, околу 3 часот наутро, полицијата и цариниците често добиваат наредба од нивните шефови да ги исклучат сите камери и да замижат едно половина час. За тоа, се разбира, добиваат адекватна награда. Камионот кој поминува во тој период ѝ припаѓа на криминална група која го дели профитот со високи функционери на владејачката албанска партија“. Недалеку од официјалниот граничен премин се наоѓа и илегална рута која криминалните групи ја користат за шверц со камиони, трактори и коњи; се наведува во извештајот. За одбележување е дека интервјуто со поранешниот полицаец било водено во ноември 2018 година.

Прочитајте и...  Исклучена од светот: Шведска ќе плати висока цена заради стратегијата за борба против коронавирусот

Во делот на градовите како жаришта на организираниот криминал, во Северна Македонија се издвојуваат Скопје, Велес, Штип и Кочани.

Според извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, „главните криминални групи во Скопје се контролирани од етнички Албанци. Најчестите форми на организиран криминал се трговија со дрога, кражба на возила, шверцување мигранти, како и легални бизниси кои овозможуваат транспорт за шверцот, како и можност за перење пари“.

„Трите главни криминални групи кои оперираат во регионот: од селата Арачиново, Кондово и Грчец, уживаат политичка заштита“, заклучува организацијата во извештајот.

Прочитај повеќе

Поднесена кривична пријава против разрешениот реис Сулејман Реџепи

Слободен печат

Мрачна прогноза на СЗО: Коронавирусот стигнува повторно на есен

Слободен печат

Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда

Слободен печат

САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД

МИА Агенција

Голема потрага по нацистичко богатство: Во Полска скриено злато вредно 1,25 милијарди фунти

Слободен печат

Осуденикот Нинџа ја шокираше јавноста- ослабе до непрепознатливост (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полицијата го приведе на испрашување премиерот на Федерацијата БиХ

Слободен печат

Во Велика Британија нови 377 смртни случаи од ковид-19 за 24 часа

Слободен печат

И Бил Клинтон го посетувал „Островот на оргиите“: Поранешен соработник на Епстајн тврди дека познати личности доаѓале

Слободен печат

Судир на мигранти во БиХ, двајца убиени, повеќе повредени

Слободен печат

Муцунски: За одредување датум за избори потребен е целосен консензус

Слободен печат

ЕП истражување: Жителите на пет земји најмногу пријавиле финансиски проблеми за време на пандемијата

МИА Агенција