Екс-Ју група за Македонија: Словенија, Црна Гора и светскиот шампион, предизвик за Лазаров и ракометарите

Македонија вечерва со натреварот против Словенија ги започнува настапите на ЕП/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците за претстојното Европско првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Ракометарите ги очекува тешка задача добија добро познати противници , две селекции се од поранешната СФР Југославија, а тука е актуелниот светски шампион.
Македонија се најде во групата А заедно со селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска, а натпреварите ќе се играат во унгарскиот Дебрецин.


 

Избраниците на селекторот Лазаров првиот натпревар ќе го играат на 13 јануари идната година против Словенија, два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, а во последното трето коло на 17 јануари ќе се сретне со Данска.
Како група на смртта е означена групата Ц во која се наоѓаат Хрватска, Србија, Франција и Украина.

Група А: Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора.
Група Б: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија.
Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина.
Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска.
Група Е: Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ.
Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот