Екс играчот на Вардар се врати во Скопје (ФОТО)

Поранешниот среден бек на РК Вардар чии бои ги бранеше седум години и со кој освои две титули во Лигата на шампионите, Игор Карачиќ повторно се врати во Скопје.

Причината за неговото враќање е болката што подолго време ја чувствувал во пределот на градниот кош поради континуираните удари што ги добивал за време на ракометните натпревари.

По телефонските консултации со доктор Ивановски од „Аџибадем Систина“, решил да направи кратка пауза од тренинзите и да го реши својот здравствен проблем.

– Во Скопје дојдов специјално за да направам преглед и контрола кај д-р Михајло Ивановски. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работат професионалци на кои без размислување им го препуштам моето здравје. Долги години додека играв за Вардар соработував со нив, тие знаат што е најдобро за нас, спортистите, и моето здравје и затоа се вратив тука – рече Карачиќ.

Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија, вели дека по телефонскиот разговор во кој Карачиќ се пожалил на болка, договориле термин и хрватскиот репрезентативец дошол во Скопје на преглед.

– По деталните испитувања, поставивме дијагноза воспаление на второто ребро, местото каде што се припојуваат мускулите, и веднаш почнавме со третман. Денеска е аплицирана првата доза на PRP-третман во пределот на повредата, па се очекува за кратко време значително подобрување кај Карачиќ. За побрза рехабилитација на младиот ракометар, неопходна е и физикална терапија – вели Ивановски.

30-годишниот Карачиќ од оваа сезона игра за полскиот ракометен клуб Келце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот