Екс играч на Реал Мадрид во одбраната на Лидс (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Лидс во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски се засили со нов централен бек, 27-годишниот Диего Љоренте.

Љоренте досега беше дел од Реал Сосиедад во чии редови од 2017 година запиша 77 натпревари и постигна четири голови.

И натаму нема официјална информација од англискиот клуб, но трансферот го потврдија Шпанците.

Менаџерот на Лидс, Марсело Биелса е свесен дека седум примени гола во првите два натпревари од Премиер лигата не се добар знак и знае дека мора да биде подобра одбраната во наредните мечеви оваа сезона.

Љоренте е екс играч на Реал Мадрид, воедно ги бранеше боите на Малага, а има и пет настапи за најдобрата шпанска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот