Екс играч на Металург го одби Вардар

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Од претходно е познато дека Вардар го напуштија Милосављев, Карачиќ, Војводиќ, Кисељев, Мораеш и Калараш.

Ја истакнавме и таа „магична“ Википедија околу најновите евентуални играчи на македонскиот и европски шампион. Како што и самиот клуб потврди нов тренер од наредната сезона ќе биде шпанскиот стратег Давид Писонеро.

rkmetalurg.mk

Воедно се дознава и дека еден поранешен играч на градскиот ривал Металург одбил да направи трансфер во редовите на Вардар.

Станува збор за словенечкиот ракометар Миладин Козлина кој играше за тимот од Автокоманда од 2011-2013 год., а беше дел и од Вардар во натпреварувачката сезона 2013/2014.

„Специјалистот“ за одбрана, левиот бек Козлина (36) одлучи и во наредните две години да ги брани боите на германскиот третолигаш Вилхелмсхавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот