Екс играч на Барса им пресуди на „кралевите“ (ВИДЕО)

фото: твитер

Кристијан Тељо кој денеска настапи во второто полувреме, ја круниса убавата асистенција на Гуардадо со прекрасен погодок во мрежата на Куртоа.

Во последниот натпревар од неделната програма на 27. коло во најсилното шпанско првенство, Бетис направи изненадување откако на домашен терен го совлада Реал Мадрид со 2:1.

Во 40. минута од средбата пред полните трибини на стадионот „Бенито Виљамарин“ поведе домашниот тим со голот на Сиднеи после асистенцијата на Фекир.

Непосредно пред паузата беше досуден пенал за гостите кој го реализираше францускиот интернационалец Бензема.

Во 66. минута во игра кај домаќините како замена за Жоакин влезе Тељо, а токму поранешниот играч на Барселона во 82. минута по убавото додавање на Гуардадо ги запиша конечните 2:1.

Овој триумф секако ја радува и Барса која сега останува на врвот во генералниот пласман во Ла Лига со 58 бодови, два повеќе од Реал Мадрид на втората позиција.

Во наредното коло каталонскиот гигант на 14 март ќе гостува кај Мајорка на нашиот Александар Трајковски, додека еден ден порано „кралевите“ ќе го пречекаат Еибар.

Во останатите дуели беа остварени следните резултати: Осасуна-Еспањол 1:0, Ваљадолид-Атлетик Билбао 1:4, Виљареал-Леганес 1:2, додека Леванте на Енис Барди ремизираше 1:1 со Гранада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот