Екс бугарски министер бара казна за Македонија поради свирежите на химната

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Поранешниот министер за спорт на Бугарија, Красен Кралев побара од Европската фудбалска федерација да ја казни Фудбалската федерација на Македонија поради свирежите при интонирањето на бугарсаката химна пред натпреварот од последното коло во Лигата на нации.

На Националната Арена „Тодор Проески“, околу 20.000 навивачи со свирежи го испратија интонирањето на бугарската химна.

Поради тоа екс бугарскиот министер побара реакција од УЕФА и жестоко да ја казни ФФМ.

Ова е недопустливо и за вакво свиркање на химната од македонските хулигани, верувам дека УЕФА ќе биде бескомпромисна со санкциите кон Македонија. Недопустливо е уште пред првиот судиски свиреж, да има такви жестоки свирежи не само кон фудбалерите, туку и кон химната. Мора да има реакција и од државата – напиша на социјалните мрежи, Красен Кралев.

Македонија во последниот натпревар од групата 4 во дивизијата Ц загуби од Бугарија со 0:1 и настапот во Лигата на нации го заврши на третото место.

ФОТО: Македонија со нов пораз во Лигата на нации, Бугарија слави во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот