„Ековита” против изградба на гасна централа од комунален отпад во Неготино

Здружението на граѓани „Ековита” е против изградба на гасна централа од комунален отпад во Неготино,  вели Сашко Тодоров, биолошки инженер и претседател на неготинските екологисти, по нивните сознанија дека постои можност за отпочнување со реализација на гасни централи од комунален отпад во Неготино, Битола и Скопје.

-Откако се обративме до државни служби на највисоко ниво, добивме писмено известување дека согласно  Законот за стратешки инвестиции,  предложената инвестиција се уште е во фаза на разгледување. Веднаш кога ќе има конкретен предлог договор, тој ќе биде јавно објавен. Дополнително, ќе биде испратен и во вид на предлог закон до Собранието на Република Северна Македонија, појасни Тодоров.

Тој нагласи дека ваквиот одговор ги загрижува како екологисти.

-Сметам дека за вакви прашања, надлежните државни и локални органи треба да го почитуваат и мислењето на локалните жители. Во спротивно, ќе се соочат со нивното незадоволство, додаде Тодоров.

Тој рече дека будно ја следат состојбата со сите иницијативи коишто се преземаат, и ќе реагираат секогаш кога ќе се појави опасност од загрозување на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот