ЕКОНОМСКО ЧУДО: Република од Азија сега е пред САД како земја со најконкурентна економија

Фото: Профимедиа

Сингапур ги турна Соединетите Американски Држави од првото место во овогодинешниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум, објави „Б92“.

Извештајот ја анализира конкурентноста на економијата со мерење на факторите како што се макроекономската стабилност, инфраструктурата, пазарот на труд и иновациските способности.

Сингапур оваа година ја принуди најсилната светска економија да се спушти на второто место, а градот-држава во Азија доби највисоки оцени за својата инфрастурктура, здравството, пазарот на труд и финансискиот систем.

– САД остануваат иновациска сила, и покрај „поразот“ од Сингапур – стои во извештајот.

Како „виновник“ за успехот на Сингапур и Виентам е всушност трговската војна меѓу САД и Кина. Во извештајот се вели дека двете азиски економии имаат голема корист од глобалните трговски тензии поради пренасочувањето на трговијата во оваа земја.

Виетнам од минатата година досега „заработи“ десети бодови, и се искачи на 67-мото место од вкупно 137 земји. Американскиот увоз од Виетнам порасна за 36 отсто во првите пет месеци оваа година, бидејќи компаниите го префрлаат своето производство од Кина во Виетнам и во другите земји на југоисточна Азија, за да го избегнат плаќањето на „пеколно“ високите тарифи.

Сепак, трговската војна имаше и негативни последици, бидејќи Сингапур најмногу се потпира на извозот, а Кина ја смета за еден од своите најважни трговски партнери.

Имено, Сингапур ја сруши сопствената прогоноза за растот на БДП во август и забележан е најслаб годишен раст уште од глобалната финансиска криза во 2009 година.

На врвот на листата се најдоа уште и Хонгконг, Холандија и Швајцарија. Хонгконг успеа да се искачи за четири места во однос на минатата година, и покрај политичката криза која силно влијаеше врз економскиот раст.

– Засилената трговска и геополитичка напнатост ја засилуваат неизвесноста ширум светот и го зголемуваат ризикот за создавање на проблеми во глобалните ланци на снабдување со добра, нагли скокови на цените или прекнување во расположливоста со клучните ресурси – се предупредува во извештајот на Светскиот економски форум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот