Економските политики даваат резултати велат од кабинетот на Анѓушев

Кочо Анѓушев/Фото: МИА

Најновите статистички податоци за Бруто домашниот производ и невработеноста според Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања се показател дека владините економски политики даваат резултати.

Во соопштението испратено од Кабинетот на вицепремиерот се наведува дека резултатите од економските политики се рефлектираат со пораст на бруто домашниот производ од 3,6 проценти и намалување на невработеноста во третиот квартал на 2019 година на рекордно ниски 17,1 проценти.

– Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечниот раст на БДП во изминатите три квартали во 2019 година е на ниво од 3,6 проценти, што е во рамките на проекциите на Владата за годишниот раст на БДП.  Растот на БДП во третиот квартал е поттикнат од растот на бруто инвестициите кои бележат раст од 14,9 проценти, се вели во соопштението.

Во однос на намалувањето на невработеноста, од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев наведуваат дека во третиот квартал од годинава отворени се нови 5.263 работни места и има 799.546 вработени.

– Во споредба со вториот квартал на 2017 година, кога е формирана Владата, невработеноста е намалена за 5,5 процентни поени, а во перидот од 9 квартали вкупно се отворени 59.564 нови работни места, наведуваат од Кабинетот на вицепремиерот најавувајќи дека ќе продолжи имплементацијата на економските политики со кои се поддржува реалната економија, технолошкиот развој, внесувањето на иновации во компаниите и отворањето на нови подобро платени работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот