Економската криза ја тресе Шпанија

За нецел месец без работа останале речиси еден милион работници

Според статистиките во земјата од 12 март повеќе од 900.000 работници во Шпанија останаа без работа. Ваквата слика е одраз на мерките кои се спроведуваат за заштита од ширењето на корона вирусот кои вклучуваат и забрана за движење.

Најголем дел од отпуштените биле работници со договор на определено време.

Во Шпанија минатиот месец бројот на невработени се зголеми на 3,5 милиони, што е највисока стапка од април 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот