Економисти тврдат дека Германија им исплаќа премногу помош на угостителите

Германија исплаќа десет милијарди долари повеќе отколку што е потребно кон малите бизниси како помош за надминување на коронакризата, се вели во анализата на германскиот Економски институт, во најновото издание на „Велт ам Зонтаг“.

Германскиот економски институт, повикувајќи се на податоци од Централната банка на Германија, пресметал дека малите бизниси кои добиваат помош поради мерките за затворање во ноември и декември, претежно угостителски објекти, во повеќето случаи заработуваат повеќе средства преку помош отколку кога нормално би работеле.

– Во погодените сектори, повеќе од половина од трошоците се променливи, што значи дека дел од трошоците ќе ги нема кога објектот е затворен. И покрај тоа, државата плаќа 75 проценти од прометот остварен во истите месеци минатата година, се вели во анализата на Институтот.

Економскиот институт заклучува дека цела третина од 30-те милијарди евра наменети за помош на малите бизниси во ноември и декември била исплатена залудно.

Неколку други економски институти претходно бараа да им се помогне на малите бизниси преку даночни олеснувања наместо со директни финансиски исплати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот