„Економист“ за Путин: Западот треба да го следи неговиот пример

Фото: SERGEI BOBILYV / EPA

Магазинот „Економист“ ги анализираше успесите на претседателот Владимир Путин на светски план во последните пет години и ги повика државите од Западот да го земат примерот на рускиот лидер.

Пред пет години на самитот Г20 во Бризбејн, Владимир Путин беше „изолиран и одвоен од цивилизираниот свет“ поради конфликтот во Украина, но по пет години „тој повторно се искачи на врвот на светската арена“, пишува „Економист“.

Авторите на текстот за Путин наведуваат дека всушност во неговата резиденција во Сочи, а не во вилата на американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида, стигнал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за да ја решава судбината на Сирија. Во Русија стигнаа и лидерите на повеќе од 40 африкански земји „во потрага за пари и оружје“.

„Економист“ пишува и за посетата на претседателот на Русија во Саудиска Арабија и неговите блиски односи со кинескиот лидер Си Џинпинг. Освен тоа, тие истакнуваат дека и во Европа е се поприсутно влијанието на Русија.

Според зборовите на авторите, Западот, соочен со „руската агресија“, се повлекува.

– Тоа е грешка. Доколку Путин беше на местото на Трамп или на Макрон, тој не би ја направил. Тој би се држел и би се обидел да ги искористи слабите места – стои во оваа објава.

Путин сака Западот да ги укине сакнкциите и да го прифати неговиот план да остане на власт неодредено време.

– Подобро би било тие да учат од Путин како да ги поддржуваат своите сојузници, да играат на својата посилна страна, да не подлегнуваат на притисоците и да не создаваат вакуум кој противникот може да го пополни. На Западот му е потребна силна надворешна политика во борбата против најсилниот човек на светот – констатираат од „Економист“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот