Економијата во ЕУ ќе доживее најтежок пад по Втората светска војна

Патот до економското закрепнување е сè уште неизвесен, пред се поради обновените жаришта на заразата.

Растот на БДП во Еврозоната ќе се намали за 8,7 отсто, а следната година ќе се движи околу 6,1 отсто. Во земји членки на ЕУ, БДП се предвидува да падне за 8,3 проценти оваа година и да порасне за 5,8 отсто следната година, се вели во најновите прогнози на ЕК објавени денеска.

Европската комисија смета дека пандемијата на Ковид-19 ја погоди европската економија повеќе од очекуваното, и дека патот до економското закрепнување е сè уште неизвесен, пред се поради обновените жаришта на заразата, што доведува до враќање на привремени мерки или затворање.

– Реалниот глобален БДП надвор од ЕУ ќе падне за повеќе од 3 проценти во првиот квартал од оваа година, додека вториот квартал ќе биде многу потежок на глобално ниво, бидејќи повеќето земји тогаш воведоа мерки за затворање, рече економскиот комесар Паоло Џентилони, презентирајќи ја летната економска прогноза на Европска комисија.

Тој посочува на некои подобрувања во економската активност кон крајот на јуни и почетокот на јули, но додава дека има видливи разлики меѓу земјите-членки.

Од Европската комисија велат дека се очекува значителен економски пад во Франција, Италија и Шпанија, а во помала мерка во Германија, Холандија и Полска. Додаваат дека инфлацијата кај членките на Еврозоната ќе остане релативно ниска оваа година, на ниво од 0,3 отсто, додека предвидува минимален раст од 1,1 процент следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот