Еколози: Лео Меси ја уништува планетата

EPA-EFE/Yoan Valat

Приватниот авион на Меси придонесува кон загадувањето на атмосферата, напаѓаат еколозите. Од 1 јуни до 31 август авионот на Лео испуштил 1.502 тони јаглерод диоксид во атмосферата

Ѕвездата на Пари Сен Жермен Лионел Меси е во центарот на нов скандал. Нападите кон Меси не доаѓаат од навивачите, туку од еколозите.

Меси има приватен авион, што е вообичаена практика за луѓе со статус на ѕвезда и богатство. Но, бројот на летови предизвика критики од групата за заштита на човековата средина „Лавион де Бернар“. Оваа група ги брои летовите на познати личности со приватни авиони, за да се утврди влијанието врз планетата.

Наводно, авионот на Меси извршил 52 лета од 1 јуни до 31 август. Вкупното траење на летовите за тие три месеци бил 368 часа. За тоа време, авионот на Лео испуштил 1.502 тони јаглерод диоксид во атмосферата. Организацијата објасни дека оваа бројка е еквивалентна на она што просечен Французин го испушта во атмосферата за 150 години.

– Меси е многу богат човек кој ја уништува планетата – ваква оценка доби фудбалерот од споменатата група.

Во тие месеци, Меси леташе во родниот град Розарио, ги посети Барселона, Сао Паоло, Тенерифе, Валенсија и Мајами. Интересно, во февруари 2021 година, Лео го изнајмил авионот на аргентинскиот претседател Алберто Фернандез. Тој оствари официјално патување во Мексико, а Меси се збогати за 160 илјади долари.

И на почетокот на август 2022 година, Луис Суарез го користеше авионот на играчот на ПСЖ. Поранешниот соиграч на Меси во Барселона одлета во Монтевидео за да потпише договор со Национал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот