Eколошките активисти алармираат: Отровни води ја загадуваат почвата и водата во тетовско Јегуновце

Отпадни води во зелена и жолта боја од индустриски отпад, за кои се смета дека содржат канцероген шестовалентен хром има деновиве во близина на тетовско Јегуновце, а значаен дел од ваквиот исцедок се влева во реката Вардар, аларамираат еколошките активисти на социјалните мрежи. 

Граѓаните алармираат дека појавата на ваквите отпадни води е опасна за почвата и за водата со оглед дека е материја која предизвикува нивно загадување како и заболувања од рак.

-Тоа е шестовалентен хром кој е многу опасен за здравјето на граѓаните и предизвикува рак. Треба да се решава и да се изврши медијација на почвата во Јегуновце ради големата количина хром во почвата која е опасна за земјоделството, за водата што се пие во Јегуновце и во Скопје.  За неколку години ќе стигне до изворите на Рашче, таа течност што се појави на социјалните мрежи. Многу е опасно и требаше да се реагира многу одамна околу ова. Мислам дека со поголема внимание треба да се работи околу тоа, изјави денес Аријанит Џафери од еколошкото друштво Еко Герила.

Славко Стојчевски, технички директор на фабриката Југохром вели дека во процес на реконструкција е пречистителната станица за третман на отпадните води од индустрискиот отпад што се наоѓа во кругот на нивната фабрика.

-Депонијата со индустриски отпад  е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планрање, покрај другите материјали кои биле таму е бихроматно платно кој во негова содржина има и шестовалентен хром. Години наназад има изградено пречистителна станица во кругот на фабриката која има за задача да ги прибере сите отпадни води кои се контаминирани да ги донесе во кругот на фабриката таму да ги пречисти и како чисти да ги пушти во река Бистрица и после во Вардар. Во моментот поради инвестициски зафати на пречистителна станицата истата не работи од 25 септември. Поради дотраеноста на одредени моменти се врши реконструкција на неа. Во најскоро време треба да биде завршена реконструкцијата, тендер има распишано МЖСПП и компании кои ќе го добијат тендерот треба да ја монтираат опремата и после тоа ќе функционира пречистителна станица и ќе се намалат овие води и безбедно пуштени во реката, изјави Стојчевски.

Според екологистите потребно е почвата поради загаденоста да подлежи на процес на медијација. Постојат неколу процеси на медицијација,  односно да се ископа и замени со друга почва или пак фиторемедиција-прочистување на почвата со помош на функцијата на одредени растенија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот