Еколошки ужас: Штипски „Исар” собра 800 вреќи со отпад на дел од патот кон депонијата „Трештана Скала”

Околу 800 вреќи со отпад собраа вработените на штипското комунално претпријатие „Исар” покрај локалниот пат кој води до депонијата „Трештена Скала”. Директорот на ЈП „Исар”-Штип, Здравко Коцев вели дека во денешната акција учествувале речиси сите вработени. Исчистени се околу два километри покрај овој пат и реката Брегалница.

– Дојдовме овде за да покажаме, како треба да изгледа една убава околина во градот Штип и навистина ако се потрудиме сите, заедно со градоначалникот може да прерасне во убав туристички комплец, вели Коцев.

Посочи дека вработените колку и да го  чистат градот, населбите и зелените површини, а нема одговорност од страна на граѓаните со фрлањето на смет и шут, екипте и механизацијата на ЈП „Исар” нема да можат да постигнати низ сите реони. Нивната цел е градот да е чест, а најави дека вакви акции ќе следат и кон манастирот Света Недела, како и на други локации, каде што има мини депонии.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов ја поздрави денешната акција и вели дека вака се сака својот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот