Еколошка акција во Општина Кисела Вода

По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 декември, Општина Кисела Вода денеска во соработка со Волонтерскиот центар Скопје и Американ Корнер спроведе еколошка акција, насловена „Волонтирај за земјата”.

Како што информираат од Општината, во активностите за чистење се приклучија и волонтери од движењето „Не биди ѓубре” и  ученици од Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски – Дрен”.

Сезонските работници на Општината заедно со волонтерите расчистуваа отпадоци на повеќе локации во урбаната заедница „Цветан Димов”. Додека учениците од средното економско училиште го исчистија училишниот двор.

Општина Кисела Вода, се наведува во соопштението, и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои имаат за цел зачувување на животната средина. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот