Еко-свест на минимум: Искршени млади дрвја кај стадионот во Тетово

Фото: Facebook/Теута Арифи

Несовесни лица се смета дека искршиле десетина млади дрвја кои се посадени долж тротоарот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово во близина на градскиот стадион. Вработените во комуналното претријатие информираат дека оштетувањата се забележани синоќа по 22.30 часот.

– Оштетувањето на дрвјата, зеленилото и јавниот имот е вандалски и срамен чин. Сторителите на еден ваков недостоинствен чин ќе бидат откриени и против нив ќе биде поведена соодветна правна постапка, истакна градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку профилот на социјалната мрежа Фејсбук.

Од канцеларијата за односи со јавноста при Општината потсетуваат дека неодамна беше оштетена и урбаната опрема во средно училиште, долж патеката кон месноста Бањиче и во Жена Парк.

– Она што преостанува е да апелирам да се чуваат сите работи кои се направено во интерес на граѓаните. Граѓаните кои ќе бидат очевидци на вакви немили настани да ги пријават веднаш за да може да реагираме, потенцираат од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот