„Еко Герила“ ја повика Владата да и ги одземе ингеренциите на Теута Арифи

Фото: Принтскрин

На денешната прес конференција, невладината организација за заштита на животната средина, „Еко Герила“, ја повика Владата да и ги одземе ингеренциите на Општина Тетово, поради големиот број на нерешни проблеми.

– Градоначалничката Теута Арифи во вториот мандат не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски за да има чиста животна средина и функционален ред. Со оглед дека во предизборната кампања во 2017 Вие и дадовте отворена поддршка, Ве молиме да и ги одземете ингеренциите на Општина Тетово за кои не успеа да се справи и да ги управува – изјави Арианит Џафери од „Еко-герила“.

Пред новинарите тие го објавија видеото за да визуелизираат како се намалуваат зелените површини поради градење нови згради.

– Иако парковите и зелените површини се во сопственост на сите граѓани, тие се бетонираат, а општината молчи и не презема да се спречи тоа. Градот е претворен во урбана пропаст, преовладува сообраќаен хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад во повеќе делопви од градот, недостаток на паркинг и јавен превоз – рече Џафери.

Според „Еко-герила“, попусто Општина Тетово има ингеренции ако живееме во 19 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот