Еко Герила: ДУИ преку своите службеници врши притисок врз граѓанскиот сектор

Од ова здружение на граѓани порачуваат до политичките субјекти да не е коректно да го попречуваат граѓанскиот сектор во својот активизам.

Движењето Еко Герила преку соопштение информираше дека се соочуваат со притисок од политичката партија ДУИ.

-За жал, ние сме должни да ве информираме дека се соочуваме со притисок во нашата активност како граѓански сектор од функционери на ДУИ.

Кога една партија дејствува против невладините организации, таа извршува еклатантно кршење на демократските вредности. Наместо да рефлектираат и да покажат демократски капацитет пред изборите, функционерите на оваа партија се занимаваат со неоснована стигма на граѓанскиот сектор со методи што не се во согласност со евроатлантските стандарди, велат од Еко Герила.

Од ова здружение на граѓани порачуваат до политичките субјекти да не е коректно да го попречуваат граѓанскиот сектор во својот активизам.

-Со такви притисоци тие само не мотивираат да бидеме поактивни и по посветени на нашиот доброволен активизам. Ниту еден политички субјект не треба да стреми да го заташка делувањето на прогресивни движења кои се со само една цел –интерес на граѓаните.Апелираме до политичките субјекти да ги зајакнат демократските капацитети и ние како здружение сме подготвени да помогнеме во овој поглед, потенцираат од Еко Герила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот