Еклипса на Месечината во Скорпија: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак

ренесанса
Фото: Carl Bloch - In a Roman Osteria (1866)

На 16 мај нè очекува второто затемнување на Месечината за оваа година, кое ќе биде емотивно моќно. Затемнувањето во Скорпија чисти сè што сме заклучиле во длабочината на душата, сме го турнале под тепих и не ни дозволува да го игнорираме. Принудени сме да погледнеме и да видиме.

Овен

Време е да се фокусирате на надворешните врските во вашиот живот. Ако нешто ја контролира вашата самодоверба и финансиската состојба, можеби е време да ја преиспитате приврзаноста. Ако правите нешто компулсивно што предизвикува финанскиски стрес, само престанете. За многумина од вас, овие приврзаности се вкоренети во длабоки несигурности што може да предизвикаат да останете заглавени. Свртете ја страницата и создадете нов однос со себе. Со помош на други корисни луѓе и системи кои ќе го поддржат новото поглавје во вашиот живот ќе преземете контрола врз иднината.

Бик

Доаѓаат големи промени. Размислувате повеќе кој сакате да е во вашиот живот и со кого сте подготвени да се разделите. Фокусот е на иднината и додека делови од неа беа планирани одамна, иновативна енергија ќе ви покаже дека вашите планови можат да се размрдаат. Вербата во себе ќе ве задржи стабилни кога другите луѓе ќе се покажат како недоверливи. Вашиот живот се гради со сопствената енергија и напори, и ако луѓето сакаат да се дел од него, ќе треба да докажат зошто вредат.

Близнаци

Време е да станете и да се соочите со ограничувачките верувања кои ве спречуваат да го достигнете вашиот вистински потенцијал. Ова затемнување на Месечината бара од вас да ја подигнете свеста, особено кога станува збор за изборот на приоритети. Имате премногу вештини за да не ја пренесувате вашата вредност на себе и воопшто во светот. Поставете си надоки и условите за да ги исполните поголемите животни цели без никакви непотребни задршки од ваша страна. Покажете им на луѓето што знаете дека имате.

Рак

Со нова свеснот ќе ги гледате работите во кои уживавте во минатото и дали има место за нив во вашата иднина. Ќе размислувате каква леснотија барате да изградите и одржите. Испратете го старото и печекајте го новото, особено ако луѓето, местата и работите со кои моментално сте ангажирани ве исцрпуваат. Видете ја вашата вредност. Патот кон нова страст не мора да биде тешко патување, но ќе бара одредена флексибилност од ваша страна. Отвореноста може ја поттикне радоста што ви била потреба цело време.

Лав

Доаѓаат големи промени во вашата кариера кои го менуваат начинот на кој се вкрстуваат вашиот дом и приватниот живот. Ќе треба да почнете со поставување на граници со работата и односите ако сакате да одржувате рамнотежа помеѓу работата и животот. Може да има промена на околностите или локацијата, затоа обрнете внимание на она што треба да се остави зад себе за да се издигнете во новата верзија на живот. Цената е стариот начин на работа, но наградата е како што отсекогаш сте ја замислувале.

Девица

Каде сакате да одите следно и кој или што ќе го носите со вас? Запомнете, вие сте капетан на бродот што плови со сопствениот животен товар. Ваша работа е да бидете одговорни за вашите планови, идеи и дејствија или неактивност за истите. Ако сакате да се искачите нагоре во светот, можеби е време да најдете советник со мудрост и знаење кој може да ви помогне да се извлечете од периодот што изгледа како стагнација во животот. Слушајте ја мудроста што ви се нуди, бидејќи таа може да ја направи клучната разлика.

Вага

Што цените во животот? Размислувањето за ова прашање може да извлече многу вистина на површина. Всушност, може дури и да ви покаже како сте дозволиле вашите стравови да ве спречат да ги следите страстите и да го правите она што е правилно за вас. Можете да го смените тоа со тоа што ќе си посветите повеќе време на себе, особено на вашите рутини. Ова повторно раѓање ќе донесе позитивна промена во начинот на кој парите влијаат на вашиот животен пат. Не се врзувајте за нешто што ве исцрпува.

Скорпија

Благодарение на затемнувањето на Месечината во вашиот знак, со јаснотија ги гледате старите рамки кои ве држат заробени во вашето минато. Обновата нема да се случи преку ноќ и бара вклученост од вас. Култивирајте ја невиноста и задоволството преку игра и креативност. Колку подлабоко се поврзувате со себе и колку повеќе сте отворени за вистинските луѓе, полесно ќе можете да ги промените негативните наративи околу вашите емотивни врски со другите. Прифатете поздрав облик на интимност и не положувајте доверба насекаде.

Стрелец

Можеби сфаќате како вашиот начин на размислување го ограничува вашето растење, затоа искорнете ги верувањата што ве ограничуваат во чест на посилното чувство за себе. Време е да се откажете од непотребните стравови кои ве спречуваат да го живеете најавтентичното себство. Сега, мора да ја негувате потребната поддршка за да ја постигнете вашата мисија и да го реконструирате начинот на кој ви се одвива денот. За вас, ова значи да имате план и да го следите. Не мора да биде толку тешко или досадно како што мислите.

Јарец

Дојде време да почнете да барате повеќе. Прво од себе, а потоа од оние со кои сте поврзани романтично, платонски и деловно. Потребни ви се повеќе паузи за задоволство, забава и креативност, а вие сте единствениот кој може да ги соопшти сопствените потреби. Ако се чувствувате дека другите луѓе премногу учествуваат во вашите надежи и соништа, време е да го пренасочите начинот на кој дејствувате со цел да ги задоволите вашите потреби. Веќе не дозволувате другите да го контролираат начинот на кој дејствувате.

Водолија

За време на ова затемнување, ќе пристигнат информации околу работата и кариерата кои би можеле да предизвикаат шок во вашиот ум. Преиспитајте го она за што го правите најмногу и каде ја вложувате вашата енергија. Ако тоа не е од корист за вашите долгорочни планови, можеби ќе сакате повторно да ја процените ситуацијата. Време е да направите инвестиции и жртви кои ќе ви помогнат да го негувате домашниот живот за кој отсекогаш сте сонувале. Удобноста и сигурноста што ја барате започнуваат одвнатре.

Риби

Кажете си го вашето мислење, на крајот на краиштата, затемнувањето на Месечината носи го трансформира начинот на кој го гледате светот и начинот на кој учите нови работи. Преиспитајте ги верувањата во кои го вложувате вашето срце и идеалите според кои живеете, затоа што верувањето во нешто што е премногу добро за да биде вистина може да ве повреди подоцна. Наместо целосно да се фокусирате на големата слика, погрижете се да ги земете предвид поситните детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот