Еклектично шоу во Скопје: „Тивери корпорејшн“ ја однесе публиката во апсолутна еуфорија

Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески

„Тивери корпорејшн“ по пет години се врати во Македонија. Публиката покажа дека е гладна за добра музика, а американскиот бенд во неделата пред илјадници обожаватели одржа концерт за паметење на стадионот на АРМ во Скопје.

Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески

Маестралните „Тивери корпорејшн“ се вратија во Македонија во комплетен состав.

Со самиот старт на концертот беше јасно дека публиката треба да очекува високоенергетска свирачка машина. Публиката беше воодушевена од вистински звучниот и танцов спектакл на моќната повеќечлена постава на бендот. Нивната енергија на звукот носи во апсолутна еуфорија.

Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески

„Тивери корпорејшн“ на концертот на кој го промовираа последниот албум, ги изведоа и сите нивни стари, добро познати хитови.

Зад „Тивери корпорејшн“ стои продуцентското и авторско дуо Роб Гарза и Ерик Хилтон, одговорни за создавање цел поджанр на електронска музика облагородена со употреба на реге, хип-хоп, даунтемпо, индиски трип-хоп и боса нова, што се слуша во песните „The Richest Man In Babylon“, „Sweet Tides“, „Lebanese Blonde“, „Until the Morning“, „Letter To the Editor“…

Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески

Роб Гарза и Ерик Хилтон ја почнаа музичката соработка во 1995 година и досега објавиле десет албуми.

Иако примарниот звук на „Тивери корпорејшн“ е електроника, нивниот музички стил вклучува и елементи на даб, реге, хип-хоп, боса нова, есид џез…, а текстовите се на разни јазици.

Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот