Акција за собирање кабаст отпад од 16-19 јули, во општина Чаир

Во периодот од 16 до 19 јули 2019 година,  ЈП Комунална хигиена“Скопје  ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во општината Чаир.

За таа цел, на четири локации во оваа скопска општина, претпријатието ќе постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од  електричната и електронската опрема.

Екипите на ЈП Комунална хигиена“Скопје, собраниот отпад од садовите ќе го транспортираат во вечерните часови.

 Законот за јавна чистота на РМзабранува кабастиот отпад да се одлага на јавни површини, а неговото несовесно исфрлање резултира со создавање диви депонии и загадување на животната средина. ЈП Комунална хигиена“Скопје апелира до граѓаните на општината Чаир да ја искористат оваа можност за одлагање на својот кабаст отпад во специјалните садови и воедно ги информира дека по завршувањето на акцијата, овој тип на отпад ќе смеат да го одложат само во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Контејнерите наменети за одлагање на кабастиот отпад во општината Чаир, ќе бидат поставени на следните локации:

-Раскрсницата меѓу улиците Дижонска и Џон Кенеди;

-Раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ;

лицата Серава (во близина на Ефтинија Импекс);

– Улицата Ресенска (во близина на Ресторан ФаФа).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот