Екипите и спонзорите ги враќаат влезниците на финалето во ЛЕ

Финалето во Лигата на Европа во Баку можно е да се игра пред полупразни трибини поради лошата политика на УЕФА. Европската фудбалска федерација одлучи на финалистите да им додели само по 6.000 билети, а остатокот го подели на своите спонзори, иако капацитетот на стадионот изнесува 67.000 места.

Уште еден проблем за УЕФА претставува и местото на одигрување на финалниот дуел, Баку. Главниот град на Азербејџан е оддалечен 4.000 километри од Лондон, и голем проблем претставуваат и авионските линии, има само еден лет неделно од Лондон до Баку и поради тоа навивачите на двете екипи почнаа да ги враќаат влезниците.

Според весникот “Тајмс“, примерот на навивачите на Арсенал и на Челси, почнаа да го следат и спонзорите на УЕФА, тие ги враќаат билетите токму поради тешкотиите да се организира пат до Баку.
Иако добија вкупно 12.000 влезници, досега интерес да присуствуваат на финалниот дуел пријавија само 5.500 навивачи но прашање е дали сите ќе присуствуваат токму поради авионските линии. „Тајмс“ објави дека во првиот бран одбивања, спонзорите на УЕФА досега вратиле 2.000 билети, но се очекува таа бројка да биде многу поголема, весникот шпекулира со 10-15.000 вратени билети.

Прочитајте и...  Мурињо на пенали го елиминира „ученикот“ Лампард од Лига купот

Сите вратени билети ќе бидат пуштени во слободна продажба но прашање е колку од нив ќе бидат продадени бидејќи тие билети ќе им се нудат на локалните фудбалски фанови.
Поради тоа, весникот шпекулира дека можно е да има околу 10.000 слободни места на стадионот чиј капацитет изнесува 67.000 места.

Прочитај повеќе

Мурињо на пенали го елиминира „ученикот“ Лампард од Лига купот

Слободен печат

Динамо Киев, Олимпијакос и Ференцварош ќе играат во ЛШ

Слободен печат

Војдан Стојановски и Данкерк го доживеаја и вториот пораз во францускиот шампионат

Слободен печат

Ролан Гарос: Циципас со пресврт во второто коло

Слободен печат

Сопственикот на Далас, Кјубан го спаси од улица пропаднатиот НБА играч

Слободен печат

Металург ќе игра во ракометната Лига на Европа

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дортмунд ги одби милионите од Јунајтед за Санчо

Слободен печат

Алкантара позитивен на коронавирус

Слободен печат

Тони Надал: За Федерер секогаш имавме план, против Новак не знавме што да очекуваме

Слободен печат

Иако загуби од Ѓоковиќ, Имер го има поенот на турнирот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вардар повторно не игра ЛШ, одложен натпреварот и против Пик Сегед

Слободен печат

КФСМ има резервен план доколку се појават проблеми со коронавирусот во мак баскетот

Зоран Спасоски