Екипи на ЈП Комунална хигиена – Скопје викендов подигнале 20 кубни метри отпад од диви депонии

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје изминатиот викенд подигнале 20 кубни метри отпад од диви депонии.

Како што соопшти претпријатието, екипите подигнале и транспортирале градежен и мешан комунален отпад од неколку диви депонии лоцирани во строгиот центар на градот (зад Т-Мобиле), како и на булеварот „АСНОМ“ и улиците „Бојмија“ и „Февруарски поход“ во општина Аеродром.

-По барање на МВР-Скопје, по сообраќајната несреќа што во текот на викендот се случи на булеварот „Илинден“, наши екипи интервенираа со расчистување на теренот и посипување песок, со цел да се овозможат услови за непречено минување на пешаците и возилата, соопшти претпријатието.

Информира и дека вчера биле опожарени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри лоцирани на улицата „Букурешка“ општина Карпош.

-Опожарените контејнери се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети со нови садови, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот