ЕК: Земјоделскиот сектор се прилагодува на климатските промени

Фото: Слободен печат

Европската комисија (ЕК) го објави својот најнов извештај за изгледите за земјоделството на Европската Унија, во која се застапени пазарни прогнози за земјоделството на ЕУ до 2035 година. Според извештајот земјоделскиот сектор на ЕУ се очекува да продолжи да биде нето-извозник на производите од прехранбената индустрија и да придонесе за глобалната безбедност на храната додека се прилагодува на предизвици како што се климатските промени и промените во побарувачката на потрошувачите, пишува ЕК на својата официјална страница, објави „24Часа.бг“. Се претпоставува дека макроекономското опкружување ќе биде добро, растот на реалниот БДП во ЕУ се очекува да се стабилизира на среден рок, а инфлацијата да се врати на целното ниво од два отсто.

Според извештајот, се предвидува промена во моделите на потрошувачка во ЕУ: очекувано е потрошувачката на месо малку да се намали, главно за говедско и свинско месо, додека потрошувачката на растителни протеини да се зголеми. Се очекува дека потрошувачката на млечните производи ќе остане стабилна, со промена на навиките и проширување на новите употреби.

Пазарните прогнози се засноваат на земјоделските изгледи на ОЕЦД-ФАО за периодот 2024-2033 година, во кој се предвидува благ пад на реалните цени на основните земјоделски производи и зголемената побарувачка од земји со низок и среден приход. Користењето на обработливо земјиште во ЕУ се очекува делумно да се промени во 2035 година. Се предвидува преместување на користењето на земјиштето од житарици и канола на соја, други маслодајни семиња, што се должи на побарувачката за житни култури за добиточна храна и биогорива. Се очекува областа на земјоделското земјиште со постојани култури да се зголемува и се предвидува мало зголемување на приносите од жита и маслодајни семиња до 2035 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот