ЕК започна постапка против Велика Британија за неназначувањето на еврокомесар

Европската комисија денеска испрати писмо со официјално предупредување до Велика Британија, со што почна постапка против неа поради неименувањето кандидат за новиот состав на тоа извршно тело на ЕУ.

„Европската комисија денеска испрати официјално писмо до Велика Британија поради кршење на обврските од Договорот за ЕУ, односно бидејќи не номинираше кандидат за функцијата комесар на ЕУ”, велат од Комисијата.

Лондон има рок до 22 ноември да одговори на писмото.

Новата Европска комисија би требало да стапи на должност на 1 декември.

Британскиот амбасадор при ЕУ Тим Бероу вчера ја известил Европската Комисија дека Лондон нема да понуди британски еврокомесар пред 12 декември.

Избраната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, побара од британската Влада да предложи комесар, согласно европските повелби, бидејќи земјата е сѐ уште формално членка на ЕУ најмалку до 31 јануари 2020.

Меѓутоа, британските закони не дозволуваат назначување на високи функционери во меѓународни организации во предизборен период. Изборите се закажани за 12 декември, а Брегзит треба да се случи на 31 јануари 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот