ЕК загрижена поради договорот меѓу Русија и Србија

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано / Фото: Архива

Европската Комисија реагираше денеска за договорот склучен меѓу првите дипломати на Русија и Србија за натамошни консултации, откако повеќе европратеници побараа замрзнување на преговорите со Белград.

Портпаролот за надворешни работи во Европската Комисија, Петер Стано, рече дека со оглед на контекст на нелегалната инвазија врз Украина, склучувањето на овој договор меѓу Србија и Русија е причина за загриженост во ЕУ.

-Во овие услови, фактот што министерството за надворешни работи на Србија прифаќа редовни консултации со земја која врши вакви ѕверства е јасен сигнал дека ќе ги зајакнуваат нивните односи понатаму, и ова отвора сериозни прашања за ЕУ, рече Стано.

Портпаролот нагласи дека Србија е таа што го прогласи членството во ЕУ како приоритет, а од земјите кандидати за членство се очекува усогласување со ЕУ политиките, вклучително и во делот на надворешната политика.

Србија е исто така цел на остри критики во ЕУ затоа што не усвои санкции против Русија, а го остави отворен и својот воздушен простор за оваа земја.

Белград и Москва преку нивните министри за надворешни работи во Њујорк потпишаа договор за соработка минатата недела.

Во текот на овој викенд неколку европратеници повикаа да се замрзнат преговорите за членство во ЕУ со Србија. На ова прашање не одговори Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот