ЕК за реконструкција на Албанија ќе издвои 100 милиони евра

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Попладнево во Брисел, започна донаторската конференција за помагање на Албанија, за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември 2019 година.

Претседателката на Европската Kомисија, Урсула фон дер Лајен рече дека Европската комисија (ЕК) ќе даде 100 милиони евра за Албанија.

– Ви благодарам што се толку многу на број. 51 лице ги загубија своите животи од земјотресот, сите ги слушнавме нивните тажни приказни, еден пар беше пред венчавка. Една мајка умре обидувајќи се да ја заштити својата ќерка. Цела Европска Унија се мобилизираше, народот во Албанија знае дека нивното место е во европското семејство. Денеска со вашето присуство вие покажувате силна реакција после повикот на Албанија, од Црна Гора до Канада, од Турција до Израeл, од Швајцарија до САД. Ние ги видовме и српските екипи и косовските екипи како рамо до рамо се трудеа да им помогнат на соседите. Солидарноста спаси многу животи во Албанија. Цената на репарацијата е оценета на 1 милијарда евра, Албанија сама не може да го издржи тоа. Европската Комисија ќе даде 100 милиони евра од буџетот за реконструкција на штетите од земјотресот – изјави Фон дер Лајен.

Таа ги повика и другите земји да бидат солидарни и да ѝ помогнат на Албанија во справување со последиците од земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот