ЕК: Северна Македонија продилжи да ги исполнува условите за безвизен режим

Визната либерализација „носи позитивни економски, социјални и културни” бенефити како за ЕУ така и за земјите партнери, се вели во резултатите од редовниот мониторинг.

Европската комисија денеска ги презентираше резултатите од редовниот мониторинг на критериумите за визна либерализација во земјите од Западен Балкан и од источното Партнерство, сите ги исполнуваат условите и натаму.

Од 2017, Европската комисија има обврска да ги информира земјите членки за исполнувањето на овие критериуми поради брановите на „нелегални” баратели на азил кои доаѓаа од западниот Балкан пред сѐ, откако се укина визниот режим.

Последниот извештај покажува дека Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грузија, Молдавија и Украина продолжуваат да ги исполнуваат условите и дека безвизниот режим “продолжува да носи позитивни економски, социјални и културни” бенефити како за ЕУ така и за земјите партнери. Сепак Комисијата потсетува дека не смее да има олабавување на напорите.

-Визната либерализација поттикнува контакти меѓу луѓето и ги зајакнува односите помеѓу ЕУ и граѓаните од западниот Балкан и источното Партнерство. Таа е моќна алатка за напредување на трансформативните реформи, вклучително во областа на правдата и безбедноста. Низ годините видовме значаен прогрес од страна на безвизните партнери да ги зајакнат овие врски. Постојани напори се потребни за да ги сочуваме овие успеси, изјави еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон.

Извештајот на Европската Комисија констатира дека огромното мнозинство патници од западен Балкан се “чесни” и дека не ја злоупотребуваат визната либерализација за “нелегална” миграција во ЕУ. Сепак, загриженост останува околу бројот на граѓани од Албанија и Грузија кои “неосновано” бараат азил во земјите на ЕУ преку безвизниот режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот