ЕК: Се уште не се „финализирани“ преговарачките рамки за С. Македонија и Албанија

Европската Комисија (ЕК) сѐ уште не ги „финализирала” преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, повеќепати изјави дека тие ќе бидат се објавени во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролката Ана Писонеро, одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека „Комисијата сѐ уште работи на текстови на нацрт рамките”.

– Ги финализираме документите, немаме датум кога тие ќе бидат презентирани, но целта ни е тоа да биде што е можно поскоро, рече Писонеро.

Преговарачките рамки се најавуваат од почетокот на овој месец од страна на Европската Комисија. Тие нема да бидат достапни за јавноста, предупредија од ЕК, ќе се објави само соопштение. Овие нацрт рамки им се предаваат на земјите членки во Советот на ЕУ, кои потоа треба да ги одобрат, и евентуално модифицираат.

Според агендата на Советот, не се очекува тие да бидат на дневен ред ова лето, бидејќи во наредните недели интензивно се преговара за буџетот на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот