ЕК се надева дека одлуката за дистрибуција на Ремдесивир ќе биде објавена до крајот на неделава

Европската комисија се надева дека одлуката за дистрибуција на првиот лек во ЕУ против Ковид-19 ќе биде објавена пред крајот на оваа недела, изјави претставник на ЕК.

– Заштитата на здравјето е основен приоритет за ЕК. Затоа го забрзавме процесот за давање овластување за дистрибуција (во ЕУ) на Ремдесивир, така што ќе биде достапен за луѓето од заедницата. Се надеваме дека оваа дозвола ќе биде дадена до крајот на неделава, рече тој.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на крајот на јуни препорача да се одобри продажбата на првиот лек во Европската унија против Ковид-19, Ремдесивир. Во соопштението на ЕМА се вели дека Европската комисија ќе го забрза процесот на донесување одлука за пристап на пазарот на овој лек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот