ЕК: С. Македонија и Бугарија да ги удвојат напорите за изнаоѓање решение!

Во Европската Комисија се уште постои надеж дека договор меѓу Скопје и Софија ќе се изнајде во најкус можен рок, но оттаму не одговорија конкретно на прашањето дали се оптимисти дека првата Меѓувладина конференција би се одржала во декември, односно до крајот на годинава.

– Ние ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија да ги удвојат своите напори за изнаоѓање решение за нивните билатерални прашања за кои се очекува одлука. Имаме надеж дека наскоро може да се постигне договор за преговарачката рамка со цел одржување на првата Меѓувладина конференција што е можно поскоро, вели за Слободен печат портпаролката на ЕК за проширување, Зои Мулитиер.

Претходно министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека остана уште малку време за изнаоѓање решение. Конечната одлука за тоа дали има консензус за преговарачката рамка за Македонија ќе биде позната во вторник, на 17 ноември, кога е закажан состанокот на Советот на министри на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот