ЕК: Приказната за „нон-пејперот“ на Јанша е измислена

Европска комисија / СП. архива

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано изјави дека приказната што ја објавија некои портали во БиХ дека словенечкиот премиер Јанез Јанша му предал неофицијален дипломатски документ на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кој тој наводно предлага промена на границите на Западен Балкан и поделба на БиХ по етничка основа е измислена.

„Позицијата на ЕУ е многу јасна и нема ништо што треба да се промени. Треба да работиме на регионална соработка и помирување. Тоа е идејата и логиката на пристапниот процес – обид да се решат сите прашања, така што процесот не оди во опасни области, придржувајќи се кон европските закони и принципи“, изјави Стано.

Регионалните медиуми уште од вчера објавија дека премиерот Јанша му предал „нон-пејпер“ на Мишел во кој се наведува стратегија за “финализирање на распадот на поранешна Југославија“, меѓу другото преку поделба на Босна и Херцеговина, но и на Северна Македонија, Косово и Црна Гора. Јанша потоа ја демантираше оваа информација.

Јанша ги предводи земјите на ЕУ кои сакаат „Голема Србија“ и распарчување на БиХ, Црна Гора и Северна Македонија

 

Пред изјавата на Стано и портпаролот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изјави дека не можат да потврдат постоење на нон-пејпер предаден од страна на словенечкиот премиер.

„Не можам да потврдам дека го добивме тој нон-пејпер“, одговори портпаролот.

Документот на Јанша за завршување на распадот на СФРЈ, доставен преку тајни канали, повикува и на враќање на Груевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот