ЕК предупредува: Здравјето на Македонците е сериозно загрозено поради аерозагадувањето

epa06391210 A view of a building rising over the heavy fog and air pollution that cover Skopje valley in the early morning, in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 15 December 2017. According to media reports,second day as Skopje is considered one of the most polluted cities in the world. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската комисија денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна, јави дописничката на МИА од Брисел.

Здравјето на жителите на Северна Македонија и останатите земји од регионот и натаму е сериозно загрозено, покажуваат последните бројки на извештајот на Европската агенција за животна средина за 2018 година, што резултира во висока стапка на прерана смрт, пред сѐ поради високата концентрација на ПМ2,5 честички во воздухот, се наведѕува во извештајот.

Ако највисоката стапка во апсолутни бројки е во Германија, Италија, Полска и Франција поради обемното население, во релативни бројки, ефектот е најнегативен на Балканот.

– Кога се гледаат изгубените животни години во релативна смисла, најсилен импакт има во централна и источна Европа каде се измерени највисоките концентрации на ПМ2,5 честички, односно Косово, Србија, Албанија, Бугарија и Северна Македонија, се нагласува извештајот.

Европскиот комесар за животна средина Вириниус Синкевичиус порача дека Европската комисија им стои на располагање на земјите од регионот за помош, посебно преку Зелениот договор за западниот Балкан.

– Главната причина е греењето на домаќинствата, повторно не гледаме драматично подобрување кое е потребно за здравјето на граѓаните. Комисијата е подготвена да соработува со регионот, подготвивме Зелен договор за регионот и оптимисти сме дека можеме да постигнеме опипливи и видливи резултати, изјави Синкевичиус за МИА.

Извршниот директор на Европската агенција за животна средина, Ханс Брејнинкс, подетално се осврна на коренот на проблемот за регионот.

– Работиме со шесте земји од Западниот Балкан под претпристапниот инструмент за зајакнување на мониторингот, за да имаме правилни податоци и со тоа да помогнеме за креирање политики таму, рече Брејнинкс.

Според него, еден од главните проблеми е употребата на цврсти горива. – Пред сѐ употребата на цврсти горива, употребата на јаглен во индустријата, енергетскиот сектор и горењето на дрво во домаќинствата, вели Брејниникс, но и фактот што во регионот возилата што се користат се стари и повеќе загадуваат.

– Општата проценка е дека регионот сѐ уште треба да го постигне нивото на технолошки развој и подобрувања, заклучи директорот на Агенцијата за животна средина. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот