ЕК предлага од 15 јуни да се отворат внатрешните граници на ЕУ

Европска комисија/ Фото: Слободен печат/Архива

Европска комисија денеска презентираше дополнителни препораки за отворање на граници следната недела. Границите на Европска Унија беа затворени кон средината на март како мерка против пандемијата со Ковид-19.

ЕК препорачува внатрешните граници на ЕУ да бидат отворени од 15 јуни и надворешните граници на Европа да останат затворени за патувања до крајот на месецот.

Според ЕК за сега не е можно целосно да се отворат надворешните граници поради различната епидемиолошка состојба во светот.

ЕК предлага да се утврди заедничка листа на „безбедни” земји, заснована врз јасни индикатори и податоци од Светската здравствена организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот